Холандскиот премиер за проширувањето: Македонија е блиску, но Албанија не...

Точка

10/12/2019

17:17

2.308

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Холандија, Марк Руте порача дека неговата земја не е против проширувањето на Европската унија.

Сепак, според холандскиот премиер, Албанија моментално не е подготвена за отворање на преговорите за членство во Европската унија, додека пак нашата земја е „поблиску до целта“.

Руте на маргините на неодамнешниот НАТО самит во Лондон порача дека земјите кои што имаат за цел да бидат дел од Европската унија треба да бидат подготвени.


„Не веруваме дека Албанија е подготвена за во овој момент да ги започне преговорите со Европската унија. Што се однесува до Македонија, тие се поблиску до таа цел“, изјави холандскиот премиер Руте.

Тој меѓу другото потврди дека одредени земји не сакале процесот за преговарање со Македонија и Албанија со Брисел да биде раздвоен, па на некој начин практично потврди дека нашата земја „настрада“ поради соседна Албанија.

„Некои други тоа не го сакаат и затоа на последниот Европски совет одлучивме да не напредуваме во врска со прашањето за отворање на преговори со овие земји“, изјави Марк Руте.


На прашањето на новинарите дали 2025-та година е реален рок за влез на некоја од земјите на Западен балкан во Европската унија, Руте одговори дека пристапувањето до одреден датум не е цел самото по себе.

„Не знам, немаме ништо против проширувањето на Европската унија, но мора да се погрижиме да ги почитуваме правилата и се да биде фер. Тоа отсекогаш е нашата позиција“, порача Руте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг