Популарниот актер полни 103 години: Преживеал мозочен удар, хеликоптерска несреќа, а вели дека ова е тајната на неговата долговечност

Точка

09/12/2019

15:12

14.592

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Кирк Даглас, денес полни 103 години. Роден е како Исур Даниеловиќ Демски, син е на руски неписмени имигранти, а ги одиграл едни од најважните улоги во историјата на кинематографијата, од Спартак и Винсент ван Гог до Док Холидеј.

Актерската икона Кирк Даглас тврди дека доживеал 100 години благодарение на својата сопруга Ен Бајденс Даглас (100) со која успевал да закрепне од сите трагедии кои животот му ги приредил.


Преживеал мозочен удар кој му го променил говорот и поради кој морал да престане со актерството пред две децении. Се извлекол без посериозни последици од хеликоптерска несреќа во 1991-та година, а голема празнина оставила смртта на неговиот син Ерик во 2004-та година.

„Среќен сум што пред 63 години ја пронајдов својата сродна душа и верувам дека нашиот прекрасен брак ми помогна да го преживеам сето ова“ - рекол тој во некое интервју.


Убавата Ен ја запознал во 1953-та година во текот на снимањето на “Act of Love“ во Париз, а две години откако му се распаднал бракот со актерката Дајана Вабстер со која има двајца синови Мајкл и Џоел, актерот изјавил дека веднаш го привлекла смислата за хумор кај Ен.

Иако убавицата е со германско потекло сепак таа сметала дека Кирк е згоден и шармантен, но не сакала да си има работа со холивудски актер.


Сепак, хемијата била посилна па една година подоцна, во 1954-та година го изговориле судбоносното “да“ во Лас Вегас.

„Никогаш не сум мислел дека нашиот брак е единствен. Се заљубив во девојка и по повеќе од 60 години и понатаму ја сакам“ - открил славниот актер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг