Рускиот команден центар не може да го пробие ниту нуклеарна бомба: Стратешките сили на Русија направија неверојатен тест

Точка

09/12/2019

14:39

7.399

Големина на фонт

а а а

Телевизијата „Звезда“ прикажа снимка од тестирањето на вратата од влезот во командниот центар на Стратешките ракетни сили кој се наоѓа на посебно чувана територија.

На полигонот во Ленинградската област беше тестирана вратата која тежи дури четири тони.

Инженерите поставија 200 килограми експлозив за да симулираат напад на командниот центар, а тој удар по силата може да се спореди со вистинска нуклеарна експлозија. Сепак, и покрај силината на експлозијата, конструкцијата го издржа ударот и вратата не се отвори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг