Русија суспендирана од најголемите спортски случувања, ќе ги пропушти Олимписките игри и Светското првенство во фудбал

Точка

09/12/2019

12:32

3.605

Големина на фонт

а а а

Светската антидопинг агенција (ВАДА) денеска ја суспендираше Русија од сите големи спортски натпревари во рок од четири години, поради допинг.

Тоа значи дека руската химна и знамето нема да бидат дозволени на Олимписките игри во Токио 2020 година и Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година. Меѓутоа, спортистите кои ќе докажат дека не учествувале во допинг скандалот, ќе можат да се натпреваруваат под посебни услови и неутрално знаме. 


Извршниот комитет на агенцијата донел едногласна одлука на состанокот во Лозана.

Како што пренесува “BBC”, и покрај забраната Русија ќе се натпреварува на Европското првенство во 2020 година и ќе биде домаќин на одредени натпревари во Санкт Петербург бидејќи “управувачкото тело на европскиот фудбал – УЕФА не е означено како организатор на големи настани во поглед на одлуката за кршење на антидопинг правилата”.


ВАДА наведува дека постојат докази дека Русија манипулирала со податоците од московската антидопинг лабораторија, која ги предала во јануари за да прикрие стотина потенцијални допинг случаи и подметнала лажни докази.

Русија е погодена од допинг скандалот од 2015 година, кога ВАДА пронајде докази за распространет допинг помеѓу руските атлетичари, со поддршка и прикривање од државата. Русија има рок од 21 ден да поднесе жалба за суспензијата, а ако тоа се случи, за жалбата ќе одлучува Судот за спортска арбитража (ЦАС).



Спонзорирани линкови

Маркетинг