Предупредувањата на тренерот на Лече, Фабио Ливерани дека Горан Пандев може да биде човек на одлука се покажа како вистинит во дуелот од Серија А против Џенова, откако македонскиот капитен постигна навистина фантастичен гол од над 30 метри, покажувајќи дека е вистински мајстор.
Во 31. минута од мечот на југот на Италија, по една мешаница пред голот на Лече, Пандев од далеку забележа дека голманот Габриел е излезен и успеа да постигне фанатастичен гол. Мајсторија!