Живеела во сиромаштија, а денес е еден од најпопуларните модели на светот: Погледнете како некогаш изгледала 88-годишната Кармен

Точка

07/12/2019

17:45

5.700

Големина на фонт

а а а

Кармен Дел Орефиче има 88 години и е еден од најпопуларните модели на светот.

Со манекенство се занимава од својата 14-та година, а учествувала и во првите снимања за популарниот Вог. Нејзината природна убавина и харизма го освоиле модниот свет и бројните фотографи. 

Кармен е ќерка на балерина и музичар. Живеела во исклучително сиромашно, уметничко семејство. Нејзините родители се развеле кога таа била дете, по што заминала да живее со нејзината мајка. Сакајќи сопствената ќерка да тргне по нејзините стапки, мајка ѝ ја запишува на балет.

Таа била исклучително дисциплинирана жена и од Кармен барала да биде совршена. Во текот на целата своја младост, Кармен сметала дека е грда бидејќи била висока и слаба, а момчињата не покажувале интерес за неа.

Нејзината мајка не можела сама да ја одгледува, па Кармен често живеела и во интернати, сонувајќи за кариера на балерина. Но, ревматизмот ги згаснал сите нејзини соништа.

Со тоа, Кармен на само 14 години ја започнала манекенската кариера. Веќе во 1947 година, нејзината фотографија се нашла на насловната страница на Вог. Но, на самата Кармен не ѝ се допаѓала фотографијата – таа се сетила дека го забележала новото издание на Вог на еден киокс и ја видела фризурата која правела да изгледа како момче. За малку ќе заплакала.

Иако работела како манекенка, таа не била богата. Понекогаш немала пари ниту за храна. Со текот на времето, заработката пораснала на 25 долари на час, а Кармен морала да го штеди секој долар. Таа и нејзината мајка живееле без топла вода и постојано им недостасувало нешто. Меѓутоа, таквото живеење ја научило да го цени секој долар, но и самиот живот.

Во 1963 година, Кармен одлучила да го напушти манекенството, по што стапила во брак и родила ќерка, но веќе во 1978 година повторно ѝ се вратила на кариерата.

Многу манекенки сметаат дека староста е препрека за оваа професија, но не и таа – Кармен ниту еднаш не отишла “под нож” и не се срами да ја покажува својата седа коса.

Таа ја има издадено книгата со наслов “Да се биде убав: Тајни и трикови кои ги научив во текот на 40-те години, работејќи како модел”, со што докажува дека е жена што не им подлегнува на стереотипите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг