Играчот кој има перфектна сезона зад себе се нуди на „црвените“: Ливерпул е тим за кој сите сакаат да играат…

Дерби

07/12/2019

14:18

1.897

Големина на фонт

а а а

Габриел Барбоса, многу попознат како Габигол има феноменална сезона откако зад своето име запиша 34 погодоци на кои додаде и 11 асистенции во дресот на бразилскиот Фламенго.

Многу тимови од Европа се интересираат за 23 годишниот бразилски фудбалер кој сепак не остави значаен впечаток во својот прв престој на стариот континент кога го носеше дресот на Интер, а потоа и на Бенфика.

Сепак, сега како многу поискусен и како расен стрелец се наметна кај европските клубови, а најави дека тој би сакал да заигра во Премиер лигата.

– Го обожавам Фирмињо. Тој е моќен напаѓач и е инспирацијакоја ја барав. Би ми било задоволство да играм со него. Можеби во иднина ќе играме заедно за Бразил, но и Ливерпул е тим за кој сите сакаатда играат. Ми се допаѓа Премиер лигата. Потребна е техника, сила, брзина, а сон на секој играч е да настапува таму. Освојувањето на Премиер лигата мора да е неверојатно чувство, - изјави Габигол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг