Масовни апсења по насилните демонстрации во Атина

Макфакс

07/12/2019

13:46

983

Големина на фонт

а а а

Серија вандалски напади насочени кон продавници, филијали на банки и згради на државни служби се случија синоќа низ Атина.

Од полицијата соопштија дека утрово се пријавени штети во 13 продавници и на пет банкомати, како и на влезови во три згради од кои во една е општинската даночна канцеларија и една служба за урбанизам, како и во канцелариите на Водовод, објави весникот „Катимерини“.

Полицијата, исто така, соопшти дека за време на вчерашните демонстрации на 11-годишнината од смртта на едно момче за време на полициски напад, немало неочекувани проблеми, бидејќи полицијата била подготвена и веднаш се спротивставила на групите кои се обиделе да извршат незаконски дејствија, гаѓајки ги полицајците со „молотови коктели“ и други предмети.

Во Атина се уапсени 50 лица, а еден полицаец е повреден. Во пристанишниот и универзитетскиот град Патра, на Пелопонез, се уапсени 19 лица, а двајца полицајци се повредени.

Осум лица се уапсени во Солун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг