Бела куќа: Подготовката на обвинение против Трамп е лакрдија

Макфакс

07/12/2019

13:44

1.020

Големина на фонт

а а а

Белата куќа потврди дека нема да учествува во работата на Претставничкиот дом во постапката за подготовка на формално обвинение против американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја „лакрдија“.

„Како што знаете, вашата истрага за подготовка на обвинение е целосно правно неиздржлива“, напиша адвокатот на Белата куќа, Пет Чиполоне во писмо до демократскиот пратеник Џери Надлер, претседател на Одборот за правда во Претставничкиот дом.

Белата куќа, до синоќа требаше да донесе одлука дали ќе учествува преку адвокат во подготовката на обвинението од страна на Одборот за правда. Демократите во четвртокот објавија дека Претставничкиот дом, во кој тие имаат мнозинство, ќе почнат со подготовка на обвинение против американскиот претседател. Меѓу точките во обвинението би можело да биде и опструирање на Конгресот. Потоа, ќе се одржи импичмент, прво во Одборот за правда, а потоа и на пленарна седница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг