Фејсбук казнет со четири милиони долари во Унгарија

Макфакс

07/12/2019

12:21

822

Големина на фонт

а а а

Фејсбук ќе треба да плати казна од околу четири милиони долари, на Агенцијата за заштита на конкуренција во Унгарија поради доведување во заблуда на корисници. Тоа е најголема ваква казна во историјата на државата.

Унгарската агенција тврди дека Фејсбук ги рекламирал своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активности и податоци на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Унгарската агенција наведува и дека пораката на Фејсбук пред која се рекламирале бесплатни услуги, била поставена во почетокот на 2010 година и дека е избришана во крајот на октомври оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг