Фотографиите од ќерката на славниот тенисер се појавија во јавноста: „Таа е последица на петминутен однос“

Точка

07/12/2019

12:07

11.894

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од ќерката на славниот тенисер која не сакаше да ја признае, се појавија во јавноста: „Таа е последица на петминутен однос“.

Ана Ермакова има 19 години и одлучила да стане манекенка како и нејзината мајка Анџела Ермакова. Таткото на Ана е некогашниот популарен тенисер Борис Бекер (51).

Ана воглавно се дружи со популарни луѓе, а неодамна на балот во Берлин се појавила со Дамиан Харли (17), синот на Лиз Харли.


Приказната на Ана е необична: Таа не е плод на љубов туку плод на петминутна авантура во лондонскиот ресторан “Nobuu“.

„Не знам дали тоалетот е подобро место, но ние тоа го направивме на скали. Медиумите пренесоа дека имавме однос во тоалет, но не беше така“ - открил освојувачот на Вимблдон.

„Тоа не беше афера, тоа беше однос од 5 минути“ - изјавил тој.


На Бекер поради аферата му пропаднал првиот брак со Барбара Фелтус (52) со која има две деца.

„Бев посрамотен, но и многу тажен поради тоа што се случи и поради тоа што тоа нешто го уништи моето семејство. Сето тоа остави трага врз мене и мајката на Ана, моравме да се договориме и да пронајдеме начин како да бидеме семејство“ - изјавил тој.


„За жал не се гледам со Ана колку што би сакал да се гледам, но нејзината мајка и јас правиме сè за да ги поправиме работите“ - напишал Бекер во неговата автобиографија “Boris Becker's Wimbledon“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг