Облачно и дождливо со температура до 13 степени

Макфакс

07/12/2019

11:50

985

Големина на фонт

а а а

Преку ноќта беше облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Утрово по одделни котлини има појава на слаба магла.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг