Најпознатите планини на Алпите, Мон Блан и Матерхорн, почнале од корен да се менуваат поради климатските промени, зголемувајќи ја опасноста од одрон на камења и поместување на глечерите, тврдат научниците.
Јан Бојтел од швајцарскиот Универзитет ETH рекол дека овие денови не можете долго да се задржите на местата кои некогаш биле одморалишта поради опасност од одрон на камења, и додава дека секој камен со големина на половина јаболко е потенцијално смртоносен.
"Планината секогаш се менува, но нема сомнение - има се повеќе одрони на поголеми камења", рекол Бојтел
Една од причините за одроните е топењето на вечниот мраз – односно на карпите и седиментите кои обично се оковани со мраз во текот на целата година.
"Гледаме јасен тренд на загревање на подрачјето на вечниот мраз, посебно по 2010-та година", рекла Жанет Нецзли за Институтот за истражување на снег и одрони во Давос.
Според нејзините зборови, на лето се топат највисоките слоеви на вечниот мраз и очигледна е тенденцијата за зголемување на тој стопен слој.
На италијанската страна на Мон Блан на границата со Франција, локалното население е загрижено, бидејќи глечерот Планпинсје почнал да лизга се побрзо кон долината поради глобалното затоплување.
На глечерот е поставен радар кој секојдневно го следи движењето на ледената маса.
Сепак, некои научници велат дека предупредувањата се претерани.
"Нема ризик за Вал Ферет, дури и да лизга 250.000 метри", рекол климатологот Масимилијано Фацини од Универзитетот Ферара.
Тој смета дека предупредувањата се претерани и дека жителите и туристите не се во опасност.