За популарниот Бондов “Lotus“ Илон Маск искеширал еден милион долари, но никогаш нема да поверувате колку го платиле претходните сопственици

Точка

06/12/2019

19:07

7.059

Големина на фонт

а а а

За снимањето на филмот биле искористени вкупно осум автомобили Lotus Esprit, а оној кој њујоршкиот пар го купил бил единствениот кој се појавил во подводните сцени на филмот.

Бизнисменот Илон Маск, извршен директор на компанијата Tesla, подигнал прашина кога во 2013-та година го купил популарниот Lotus Esprit кој Роџер Мур как Џејм Бонд го возел во филмот “Шпионот кој ме сакаше“ од 1977-та година.  

Шест години подоцна Маск признал дека неодамна претставениот Tesla Cybertruck делумно го дизајнирале по угледот на култниот автомобил на Џејмс Бонд.

Меѓутоа, еден пар од Њујорк во 1989-та година на така наречена “слепа аукција“ (во која учесниците ги изнесуваат своите понуди не знаејќи колку нудат другите, а често ниту пак за што) купиле една празна гаража и за тоа платиле околу 100 долари.

Погодувате, во гаражата се наоѓала дел од филсмката историја, култниот бел Lotus во кој Бонд пловеше во длабочините на морето.

За снимањето на филмот биле искористени вкупно осум Lotus Esprit, а оној кој њујоршкиот пар го купил е единствениот кој се појавува во подводните сцени.


Според тврдењата на Драг Редениус, основачот на Фондацијата Jan Fleming, кој ја утврдил автентичноста на автомобилот, парот никогаш не го гледал филмот „Шпионот кој ме сакаше“ и “немал поим колку тоа што го купиле е вредно“.

Кога дознале што навистина купиле, го реставрирале автомобилот за потоа да го изложат на многубројни изложби. Бондовиот бел Lotus Esprit подоцна бил продаден на аукција на непознат купувач за 997.000 долари за подоцна да се дознае дека го купил никој друг туку сопственикот на Tesla - Илон Маск.




Спонзорирани линкови

Маркетинг