Нови детали за лечењето на Михаел Шумахер: Директорката на институтот ги открива можните траги за закрепнувањето на возачот на Формула 1

Супермен

06/12/2019

16:23

5.274

Големина на фонт

а а а

Познатата италијанска доктрка по неврологија и директорка на миланскиот институт за неврологија, Матилда Леонарди открила нови детали околу лечењето на Михаел Шумахер и можни траги за подобрување на неговата здравствена состојба.

Фановите на Шумахер сè уште се надеваат дека ќе дојде до закрепнување на седумкратниот светски првак на Формула 1 кој на 29-ти декември 2013-та година тешко се повреди на скијање.

Михаел Шумахер при падот на скијачките терени во Франција сериозно ја повреди главата и по низа операции беше во индуктивна кома.

За неговото закрепнување се грижи и неговата сопруга Корина, а неговата здравствена состојба и понатаму се држи во строга тајност.

##https://twitter.com/HumourGras/status/1201743188026892293##

Во септември во медиумите беше пренесена веста дека Шумахер е пренесен во париската болница поради “посебен третман“. Бил сместен на одделението за кардиохирургија, а за неговото лечење се грижеше Филип Менаше, пишуваа од “Le Parizien“.

Познатата италијанска докторка по неврохирургија и директорка на миланскиот институт за неврологија, Матилда Леонарди открила детали околу лечењето на популатниот Германец.

Леонарда изјавила дека Михаел бил изложен на “посебен третман“ за ќелиите на мозокот, но верува дека тоа би можело да влијае позитивно на неговата здравствена состојба.

Матилда Леонарди вели дека “вестите“ за поранешниот возач на Формула 1 се насочени само со надеж за негово закрепнување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk