Познатата пејачка Пинк, има нова фризура, односно направила драстична промена на својот изглед.
Откако на Инстаграм-стори објави фотогафија од подот на фризерскиот салон полн со коса, ја покажала и новата фризура.
„Letting Go“, напишала едноставно во описот на фотографијата на која ја претставува својата нова кратка, војничка фризура, додека во рацете си ја држи скратената коса.
Пред шишањето, пејачката имаше фризура по која беше препознатлива, а ја менуваше само бојата.
Иако не покажа како ѝ прилега, за новата фризура пејачката веќе добила повеќе од половина милион лајкови и многу комплименти, а се истакнал и коментарот на една Селма Блер, која ѝ напишала дека сега се близначки, бидејќи и таа летово ја скратила косата.