Арбитражниот суд донесе конечна одлука околу трансфер активностите на Челси: Клубот од Лондон и официјално…

Дерби

06/12/2019

14:54

1.741

Големина на фонт

а а а

Спортскиот Арбитражен суд и официјално донесе одлука да се намали казната на Челси, па клубот од Лондон и официјално ќе може да носи нови фудбалери во јануарскиот преоден рок.

Првично, Челси доби забрана поради кршење на правилата за регистрирање на млади играчи во траење од два преодни рок,а но истата сега е намалена на еден, па бидејќи не купуваа во летниот преоден рок, казната сега им престанува и во клубот ќе може да се регистрираат нови играчи овој јануари.

– Судот откри дека Челси ги прекрши правилата 19.1 и 19.3 на ФИФА за статусот на трансфер на играчи. Дополнително, кршењето на другите правила не е толку сериозно како што беше наведено од ФИФА. Со оглед на тоа, Арбитеротја намалува казната на еден трансфер период, која Челси ја отслужи во летниот преоден рок и ја преполови санкцијата, -стоеше во дел од соопштението на Арбитражниот суд.

Џејдон Санчо, Вилфред Заха и Бен Чилвел се имињата кои би можеле да пристигнат во тимот во јануарскиот преоден рок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг