Девојката на Кијану Ривс открила зошто одлучила повеќе никогаш да не ја фарба својата коса

Точка

06/12/2019

13:32

3.494

Големина на фонт

а а а

Александра Грант (46) е жена која со својот необичен и природен изглед успеала да го освои срцето на еден од најпосакуваните актери, Кијану Ривс.

Кијану на почетокот на ноември, рака под рака, на црвениот тепих прошетал со својата избраничка Александра и ја изненадил јавноста, со оглед на тоа дека една деценија не бил во сериозна врска ниту покажувал дека има симпатии кон некоја жена за да ја изведе на црвениот тепих.

И додека многумина биле воодушевени со тоа што славниот актер е конечно среќен во љубовта, некои луѓе и забележале на Александра што изглед многу постаро од повеќето жени во нејзини години, а најмногу поради седата коса.

Токму од таа причина таа се огласила и открила зошто никогаш нема да ја фарба косата, но и ги повикала жените повеќе да внимаваат на своето здравје, а не на изгледот.

Александра објавила и една фотографија од насловната страна на едно списание, каде пишува дека новите истражувања докажале дека ракот на дојката е поврзан со бојата за коса и хемиските препарати кои се користат.

"Јас побелев пред време, уште во раните 20-ти, бидејќи ја фарбав косата со секоја боја што ќе ја најдев, се додека не станав интолерантна на токсичноста од нив. Во 30-тите ја пуштив косата да стане "руса"...Го сакам и го почитувам тоа што секоја жена може да избере како ќе изгледа во било кое време од животот. ако жените страдаат од наметнати стандарди за убавина, ајде да разговараме за тие стандарди", порачала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг