Ова е најсмртоносниот филм на сите времиња: Дури 92-ца членови од екипата починале...

Точка

05/12/2019

18:58

15.545

Големина на фонт

а а а

Џон Вејн почина од рак на белите дробови додека пак Сузан Хејворд смртно заболела од рак на мозокот.

Холивудскиот мегахит „Џингис-кан: Освојувачот“ ќе остане запаметен како еден од најсмртоносните филмови на сите времиња.

Снимањето на ова историско остварување почнало во далечната 1954-та година. Улогата на монголскио поглавар Џингис Кан ја толкувал популарниот Џон Вејн, а неговата избраничка, татарската принцеза, ја толкувала Сузан Хејворд.


Проектот бил исклучително амбициозен и пред сè скап. Позади него стоел познатиот Хауард Хјуз, пионир по воздухопловство и богат продуцент.

Снимањето го попречувале голем број проблеми од кои жештината и непристапниот терен. Тогаш за кадровите била избрана пустинска локација во државата Јута која одговарала на сцените со азиските карпи во кои освојувал Џингис Кан.


Оваа одлука се покажала како кобна по целокупната филмска екипа затоа што локацијата за снимање била недалеку од озлогласеното место за нуклеарни тестирања во Невада.

Повеќе од 100 тестирани нуклеарни бомби создале радиоактивни облаци во висина на неколку илјади метри, чии смртоносни честички ги разнесувал силниот ветер па локацијата во која бил снимен филмот била покриена со смртоносна прашина.


Филмската екипа била составена од 220 луѓе од кои дури 92-ца починале од рак. Џон Вејн починал од рак на белите дробови додека пак Сузан од рак на мозокот.

Хауард Хјуз е обвинет за многубројните починати бидејќи тој ја избрал смртоносната локација за снимање на филмот. Кога на почетокот на 70-те години забележал дека членовите од филмската екипа починале, платил неверојатна сума од 12 милиони долари за да ги купи сите постоечки примероци од филмот. Не сакал никогаш повеќе да се прикажува тој филм.

„Освојувачот“ за време на животот на Хјуз бил “под клуч“, а повторно бил емитуван по неговата смрт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг