Делови за автомобил изработени од талог од кафе? Оваа компанија токму тоа го прави!

Супермен

05/12/2019

17:30

2.498

Големина на фонт

а а а

Невројатна приказна од една од најголемите компании за автомобили на светот.

“Форд“ се обидува да ја одигра својата улога во глобалната борба против климатските промени па во тој контекст остатокот од кафето од McDonald’s рестораните го вградува во деловите на своите автомобили.

Па така произведувачот на автомобили планира да ги презема остатоците од ланецот ресторани за брза храна т.е. кафето и да го носи во своите лаборатории каде што експертите ќе го трансформираат во биопластика.


Покрај тоа што на овој начин се намалува количината отпад од рестораните, тука има и други влијанија кои влијаат на опкружувањето, но и на самите автомобили бидејќи на овој начин направените делови за автомобил се полесни од традиционалните.

Автомобилската индустрија е под голем притисок да ја намали емисијата на штетни гасови и да го зголеми произведувањето на електричните автомобили бидејќи околу четвртина од вкупната количина на штетни гасови доаѓа токму од автомобилите и другите транспортни средства.


Иако трансформацијата на остатокот од кафе во авто деловите е релативно мал напор, компанијата се надева дека ќе влијае на понатамошните одлуки и со текот на времето тоа ќе стане еден важен дел од целата таа сложувалка. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk