"Око соколово": Русин погодил мета на 2 километри оддалеченост во целосен мрак

Точка

05/12/2019

15:54

9.643

Големина на фонт

а а а

Рускиот стрелец Сергеј Шмаков погодил мета на оддалеченост од два километри во целосен мрак.

Како што се наведува, Сергеј Шмаков користел оружје од руско производство - снајперска пушка која ја направило конструкторското биро "Лобајев Армс" - "SVLK-14S Самрак" и ноќен нишан "Dedal-NV". 

"Сакаме да поставиме рекорд во гаѓање мета на максимална оддалеченост навечер, без никакво осветлување. Па така, не станува збор за активен нишан, туку за пасивен, што значи дека не е предвидено метата да се осветлува со ласер или друг извор на светлина. Се се одвива во реални ноќни услови", рекол конструкторот Владислав Лобајев, кој ја дизајнирал пушката, пренесува Sputnik.

На видео снимката се гледа дека Шмаков со сите пет куршуми ја погодува метата, и покрај лошите временски услови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг