Забранетиот италијански “остров на оргии“: Зошто дивите забави престанале кон крајот на 70-те години?

Точка

04/12/2019

13:16

9.167

Големина на фонт

а а а

Преубавиот остров Занон до ден денес крие многубројни тајни. Напуштените пространства се вообичаени за напуштен италијански остров, но Занон има тајна која малкумина ја признаваат.

Малиот вулкаснки остров во архипелагот на Понтинските острови во Тиренското море било дом на маркизот Ксати Стампи познат по развратните забави на кои се препуштале на неконтролирани сексуални задоволства во својата колонијална вила.


Покрај природнaта убавина на островот, атракција за посетителите е мрачното, декадентно минато поврзано со маркизот и неговата сопруга, поранешната актерка Ана Фаларино.

Жителите на островот кријат дека маркизот бил воајер и дека сакал да ја набљудува својата сопруга како се задоволува со други мажи.


Во 60-те години на минатиот век Зaнон било тајно одморалиште за посетителите, а традицијата продолжува па често таму одат луѓе со јахти за да се сокријат од погледите на јавноста.

По бурниот викенд таму луѓето оставале многу ѓубре позади себе и празни шишиња од алкохол како спомен за бурната вечер. Забавите завршиле во 70-те гоини кога маркизот пукал по љубовниците на неговата сопруга, а подоцна се самоубил затоа што Ана во еден од нив се заљубила.


Денес на островот Занон нема ништо освен светилник и избледени вили кои треба некогаш да се обноват.




Спонзорирани линкови

Маркетинг