Многумина се збуниле на доделувањето на Златната топка кога виделе каков телефон користи популарниот Дрогба

Точка

03/12/2019

18:50

4.618

Големина на фонт

а а а

Дидиер Дрогба бил еден од гостите на доделувањето на Златната топка во Париз. Легендарниот фудбалер ја насмеал собраната публика кога на сцената излегол со Килијан Мбапе.

„Пред точно десет години ми пријде едно момче и сакаше да се фотографира со мене. Му ветив дека ќе се фотографираме по натпреварот, но на крајот одбив затоа што тоа беше на натпреварот против Барселона во 2009-та година. Бев толку многу изнервиран од судската одлука што не се согласив на фотографирање. Подоцна дознав дека тоа е Килијан Мбапе и дојде време да му го исполнам ветувањето“ - рекол легендарниот напаѓач на Олимпик Марсеј и Челси, а потоа ја замолил публиката да стане па направил селфи со Мбапе и водителката на програмата.

##https://twitter.com/Mhizta_Daniels/status/1201741529611751430##

Тогаш многумина приметиле дека Дрогба користи “iPhone 6“, мобилниот кој во продажба е веќе пет години и кој денес може да се купи за околу 15.000 денари што за славниот голгетер е ситница .

„Неверојатно е да са види еден таков успешен човек како Дрогба кој користи iPhone 6“, „Ова е прв пример за скромност“, „Човекот има милиони, а користи телефон кој речиси сите луѓе можат да си го дозволат“ - се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

 

##https://twitter.com/SUCHES1mill/status/1044831370785292289##



Спонзорирани линкови

Маркетинг