Скарлет Јохансон искрено за бракот со Рајан Рејнолдс: „Не знаев што правам“

Точка

02/12/2019

14:44

4.955

Големина на фонт

а а а

Пред да ја запознае својата сегашна сопруга Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс бил венчан со уште една актерка - Скарлет Јохансон.

Парот бил во брак три години, од 2008-ма до 2011-та година, а во најновото интервју за „Vanity Fair“, Јохансон зборувала за тоа.

„Кога првпат стапив во брак имав 23 години. Не знаев што правам, бидејќи не го разбирав многу бракот. Можеби сето тоа малку го романтизирав“, раскажала актерката која, освен Рејнолдс има уште еден поранешен сопруг.


Во 2014-та година Скарлет се венчала со францускиот новинар Ромаин Даури, со кој ја има 5-годишната ќерка Роус и од кој исто така се развела после 3 години брак, во 2017-та година.

Но, повторно да се навратиме на Рејнолдс. Иако признала дека згрешила, изгледа дека Скарлет не мисли ништо лошо за својот поранешен сопруг и колега.


„Тоа беше поинаков период од мојот живот. Мислам дека сега сум позрела и поприсутна и дека донесувам подобри одлуки“, рекла Јохансон која повторно е верена за актерот Колин Џост, со кој е во врска повеќе од две години и верува дека тој конечно е “вистинскиот“.

„Ми се допаѓа идејата за бракот и основање на семејство. Отсекогаш ми се допаѓала, само досега не сум наишла на вистинската личност“, признала актерката, а во интервју за магазинот „People“, во 2018-та година својот сегашен вереник го опишала како „многу шармантна, внимателна и романтична личност“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk