Ја исмеваат конкуренцијата: BMW “удри” по Tesla по гафот со непробојното стакло

Точка

30/11/2019

15:49

20.945

Големина на фонт

а а а

Германскиот BMW го искористи големиот гаф на компанијата Tesla во текот на промоцијата на камионетот Cybertruck.

Во текот на презентацијата во Лос Анџелес, директорот на Tesla, Илон Маск, сакал на присутните да им ја демонстрира цврстината на камионетот, па за таа цел било испланирано удирање со чекан по каросеријата од нерѓосувачки челик. 

Цврстината на страничните стакла требало да биде демонстрирана со фрлање на метална топка кон нив, меѓутоа топката го скршила бочното стакло во двата обиди таа вечер.

Баварците реагирале експресно и го искористиле гафот на компанијата во маркетиншка цел, рекламирајќи го својот блиндиран SUV X5 Protection VR6 модел.

“Доаѓа со непробојни стакла и нуди заштита од срчи во случај да го погоди метална топка”, ја исмејале конкурентската компанија од САД.

Блиндираниот BMW X5 Protection VR6 го придвижува 4,4-литарски V8 агрегат со 523 коњски сили, а почетната цена изнесува 82.150 долари.

Tesla најави дека Cybertruck ќе може да се купи по цена од 39.900 долари додека најскапата верзија ќе изнесува 69.900 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг