Малата Прилепчанка нѝ го донесе 6-то место: Македонија повторно ја освои Европа

Точка

25/11/2019

19:00

3.988

Големина на фонт

а а а

На 17-та по ред Детска Евровизија, победата ја однесе Полска, а нашата претставничка, Мила Москов, го освои 6-то место. Македонија по 15-ти пат се претстави на овој музички настан.

Нашата Прилепчанка, Мила Москов, имаше забележителен настап на 17-тата по ред „Детска евровизија“, изведувајќи ја песната „Fire“ во арената „Гливице“ во Полска.

Бидејќи важеше за фаворит, Мила на сцената беше дочекана со громогласен аплауз, а од вкупните евровизиски поени на крајот имаше 150 кои ја однесоа меѓу најдобрите.

Автор на музиката и аранжманот на „Fire“ е Лазар Цветковски, додека текстот е на неговата сестра, Магдалена Цветковска.

Полската учесничка, Вики Габор, со песната „Superhero“ е победничка на „Детската евровизија“ според гласовите на жири комисијата и на публиката. Казахстан заврши на второто место, а третопласирана е Шпанија. 

Досегашни пласмани на нашите натпреварувачи:

2003-та Марија и Викторија „Ти не ме познаваш“ 12 место

2004-та Мартина Силјановска „Забава“ 7-мо место

2005-та Денис Димоски „Роденденски бакнеж“ 8-мо место

2006-та Зана Алиу „Вљубена“ 15-то место

2007-ма Росица Кукалова и Димитар Стојменовски „Динг динг донг“ 5-то место

2008-ма Боби Андонов „Прати ми СМС“ 5-то место

2009-ма Сара Марковска „За љубовта“ 12-то место

2010-та Ања Ветерова „Eooo, Eooo“ 12-то место

2011-та Доријан Длака „Жими овој фрак“ 12-то место

2013-та Барбара Поповиќ „Охрид и музика“ 12-то место

2015-та Ивана и Магдалена „Плетенка“ 17-то место

2016-та Мартија Станојковиќ „Love will lead our way“ 12-то место

2017-та Мина Блажев „Dancing through life“ 12-то место

2018-та Марија Спасовска „Дома“ 12-то место



Спонзорирани линкови

Маркетинг