Како да бидете и модерни и стоплени оваа зима?

Точка

25/11/2019

13:04

4.419

Големина на фонт

а а а

Сериозно софистицирани кроеви се во преден план. Аристократскиот стил е посебно во мода. Палетата на бои осцилира помеѓу едноставната чистина на белата, црната, сивата и неутралните беж тонови од една страна и експлицитно екцентрични неонски тонови, впечатливи бои и шарени дезени во другата крајност. Оваа сезона дизајнерите навистина се забавуваа со материјалите кои ги користеа во изработката на своите колекции.

Плетенините се совршен спој на мода и комодитет. Совршениот зимски џемпер асоцира на висока мода. 

Присутни се капите, шеширите, качкетите и плетените зимски капи. Очила за сонце со футуристичен ретро изглед - објаснува за Точка, модната дизајнерка Билјана Каран, кога е во прашање зимскиот моден тренд. А за студените денови покрај тоа што ни е битно како ќе изгледаме, не помалку ни е важно и да бидеме стоплени и убаво да се чувствуваме во облеката што ја носиме. 

Какви модели ке бидат тренди оваа зима?

- На минималистичката страна, сериозно софистицирани кроеви се во преден план. Аристократскиот стил е посебно во мода, а оваа сезона дизајнерите го акцентираа со дамски здолништа во комбинација со свилени кошули и совршено укроени палта и блејзери.


Свилените марами и масивниот накит се совршен контраст за ладните есенски дни и надополнувањето на Вашиот дневен или ноќен изглед. 

Големите раменици и потенцираните крагни ја слават модерната женственост. Буржоаскиот стил рефлектира класа и лежерност во еклектичен микс на бои, дезени и текстури.


Костими, кожни панталони, латекс и хулахопки, светкави фустани, чипка и многу боја. Макси џемпери со многу карнери, разголени раменици, неутрални тонови за оние со покласичен стил. Се чувствува влијанието на седумдесетите во боемскиот флуид на модните писти. Од цветните дезени ружите триумфираа, џебовите се поголеми, се забележува асиметричност во кројот, неконвеционални вертикални риги и многу карирани дезени.


По сезона која изобилуваше и гравитираше кон комфорот и спортскиот глам изглед, оваа зима сосема е адекватно да блеснеме во мега макси фустан, екстра волуменозен, често збогатен со набори, реси и додатоци во форма на 3Д цветови. Долг металик светкав фустан или сатенска варијанта на истиот украсена со детали од чипка и други модни додатоци. Црниот изглед доживува тотален камбек, тој граничи помеѓу готската ладнокрвност и панк рок манијата, креирајки совршен спој во сензуална доминација на свеста.

Интересни дупли здолништа изработени од контрасни материјали, наметки за секоја прилика, карирани елементи и невообичаени материјали и принтови. Понудата е совршено нослива, а она што е навистина модерно за мене е стилот кој го креирате со комбинацијата на парчиња кои најдобро Ви прилегаат по Ваш вкус. Особена вредност има рачната изработка и оригиналноста во дизајнот бидејки во ова доба на хипер конзумеризам и масивно производство, токму ваквите парчиња претставуваат вистински луксуз. За што ке се одлучите во изборот на Вашата гардероба останува на Вас, бидете храбри да бидете свои бидејки индивидуалноста го има последниот збор секогаш во она што се нарекува стил. А доколку сакате да креирате уникатен оригинален изглед и да го ре-измислите Вашиот имиџ најдобро би било да се препуштите во рацете на професионалци и да уживате во процесот, каква што е практиката во поразвиените земји во светот.

Кои бои ќе доминираат?

- Палетата на бои осцилира помегу едноставната чистина на белата, црната, сивата и неутралните кремави тонови од една страна и експлицитно екцентрични неонски тонови, јарки бои и шарени дезени во другата кајност. Леопардовата и другите анималистички дезени се присутни во мали дози во форма на капут или модни додатоци. Ружастите дезени и слични тродимезионални цветни форми се апсолутен хит, ултимативно женствени.

Триумф на богатсвото бои сеприсутно во природата оваа сезона на пистите со екстра сјај го гледаме како предлог за помпезно обоени костими, јакни, фустани, панталони и капути.

Маскирни дуксери и бомбер јакни видовме кај Прада и Миу Миу, златно, сребрено и шокантно розе, уште еден маст хев за оваа зима.


А што се однесува до материјалите?

- Оваа сезона дизајнерите навистина се забавуваа со материјалите кои ги користеа во изработката на своите колекции. Традицијата направи фузија со идните и нови попластични материјали, сјајни, мат, транспарентни. Волна, органза, тафт, тул, шифон, мрежа. Кадифе, букле, кожа најчесто еко во разни бои. Најлон, различни типови на чипка, крзно и златни крупни копчиња како додатоци.

Како да бидеме и стоплени и модерни?

- Плетенините се совршен спој на мода и комодитет. Совршениот зимски џемпер асоцира на висока мода. Крзнените палта и капути од вештечко крзно се идеален финиш во секоја пригода. Макси капутот е елегантната компонента во сечија гардероба. Широките панталони со висок струк се совршено комфи и тотално ин. Јакничките во стилот на монтки сега се изработени од потопли и пријатни материјали, должината варира а Монклер секогаш има уникатни модни предлози на оваа тема.

Модните додатоци се неизбежен дел од комплетниот аутфит?

- Присутни се капите, шешири, качкети и плетени зимски капи. Очила за сонце футуристичен ретро изглед. Високи чизми над колена, кратки чизмички, Док Мартинс, платформи и гломазни чевли. Марамите се неизоставен дел оваа зима.


А еве дел од моделите на Каран, дел од светски дизајнери кои таа ги препорачува за дочек на Новогодишната ноќ:




Спонзорирани линкови

Маркетинг