Драма на небото над Лос Анџелес: Се запали авион со 347 патници, за среќа нема повредени

Точка

22/11/2019

09:06

2.331

Големина на фонт

а а а

Авион на филипинска авиокомпанија кој од Лос Анџелес полетал за Манила, принудно слетал недолго после полетувањето поради дефект на еден од моторите.

За среќа, никој од 347-те патници и 18-те членови на екипажот не се повредени во инцидентот кој предизвикал голема паника меѓу патниците.

Портпаролот на аеродромот во Лос Анџелес потврди дека пилотот на авионот „Боинг 777“ набрзо после полетувањето објавил вондредна состојба и пријавил можен дефект на еден од моторите.

На едната страна од авионот патниците можеле да видат како едниот од моторите исфрла пламени јазици. Сепак, после пријавата на дефектот и вондредната состојба, авионот за среќа успеал да се врати и да слета безбедно на аеродромот, а пожарот бил изгаснат од страна на пожарникарските служби.

Принудното слетање било извршено најнормално и тоа воопшто не го пореметило распоредот на другите летови. Засега не е јасно зошто избил дефектот.

Портпаролот на филипинската компанија соопшти дека екипажот забележал како чад излегува од едниот од моторите по што било извршено принудно слетување. Тој додаде дека сите патници биле префрлени на друг лет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг