Тајната служба запре „сомнително возило“ кое се обиде да влезе во Белата куќа

Макфакс

21/11/2019

20:17

1.609

Големина на фонт

а а а

Американската тајна служба запре „сомнително возило“, кое се обиде да влезе во Белата куќа. Возачот бил приведен разно изутрината од агентите на тајната полиција кои запреле „сомнително возило“ кое се обидело да влезе во комплексот во Белата куќа, соопштија официјалните лица.

Инцидентот се случил околу 6 часот изутрината, соопшти Тајната служба. Возачот, чиј идентитет не е објавен, се обидел со службено возило да влезе низ влезната врата.

Припадници на тајната служба го запреле возилото и возачот е веднаш притворен. Повикани биле полицијата и единицата за експлозивни направи. Инспекторите биле забележани како пребаруваат црно теренско возило „мерцедес“ со регистарска табличка од Тексас.

Нема информации дали било пронајдено нешто сомнително во возилото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг