Денеска во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата „200 жени претприемачки”.
Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.
Во продолжение следува листата со овогодинешните лауреати во изборот „Жена на годината”:
· Категорија „Жена на годината” – Мила Царовска, министер за труд и социјална политика;
· Категоријата „Жена со трајни вредности” – Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста „Браво Сине”
· Категорија „Жена менаџер на годината” – Викторија Механџиска, Зегин
· Категорија „Млада жена менаџер на годината” – Сања Лукаревска, УЈП
· Категорија „Странец жена менаџер на годината” – Рејчел Галовеј, амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија
· Категорија „Жена со најголеми достигнувања во културата” – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена Земја
· Категорија „Жена со најголеми достигнувања во спортот” – Сара Ристовска, ракомет
· Категорија „Жена со најголеми достигнувања за општеството” – Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
· Категорија „Жена со најдобар стил “ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
· Категорија „Инфлуенсерка на годината” – Лила Филиповска, Сител ТВ
Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.