Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Макфакс

21/11/2019

20:06

729

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во Народниот театар Сараево на 27 ноември, со почеток во 20 часот.

„Зоран Заев не само што значително ги подобри односите во регионот на Западен Балкан туку покажа силно политичко лидерство во контекст на порешително зближување со Европската Унија и НАТО. Комитетот не може да знае како ќе изгледа политичката биографија на Зоран Заев в година. Ова не беше можно и во однос на претходните лауреати, кои ги заклучија наградите тогаш кога им беа доделени, но напорите, иницијативите и резултатите на Заев во 2019 година несомнено ќе бидат забележани како позитивни и историски ценети“, е ставот на Комитетот.

Меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ е најзначајно независно граѓанско признание во БиХ, утврдено во 2005 година со цел меѓународна промоција на Сараево и Босна и Херцеговина, нејзината култура и разновидната етнонационална структура.

Наградата го носи името на основачот на Сараево, Иса-бег Исаковиќ, кој во 1462 година го втемелил градот на приципите на еднаквост, мултикултуралност и мултирелигиозност.

Добитници на оваа награда се турскиот претседател Реџет Таип Ердоган во 2012 година, австрискиот претседател Хајнц Фишер во 2013 година, словенечкиот претседател Борут Пахор во 2014 година и хрватскиот претседател Колинда Грабар-Китаровиќ во 2015 година.

Добитник на оваа награда во 2016 година беше и поранешниот претседател Ѓорге Иванов со освоени 15 гласа во конкуренција на поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг