“Уловени!“: Бред Пит со оваа актерка сè почесто се појавува во јавноста, а се шпекулира и дека му е девојка

Точка

21/11/2019

20:30

5.251

Големина на фонт

а а а

По разводот со Анџелина Џоли (44), Бред Пит (55) го поврзуваа со многу жени, а последна во низата беше неговата советничка Сат Хари Калсон.

Сепак, во последно време актерот сè почесто се појавува со неговата помалку позната колешка, актерката Алија Шокат (30).

Станува збор за актерка со која Бред Пит неодамна бил уловен кога се враќал дома кај него по некоја забава. Наводно, парот се дружи повеќе месеци, но тоа сè уште не е ништо сериозно туку само добро запознавање.


Како што пренесуваат странските медиуми, тие имаат многу заеднички интересирања, што ги поврзало, а со текот на времето сфатиле дека не можат да бидат само пријатели.

Дали ова повторно ќе биде само “чад“ или пак конечно во некоја таква приказна поврзана за Бред има и оган, ќе покаже времето.


Да ве потсетиме дека, Бред и Анџелина со која има шест деца, се разведоа во 2016-та година, а оттогаш тој со ниту една жена службено не се појавил никаде.




Спонзорирани линкови

Маркетинг