Ривалдо има друг предлог за наследник на Валверде: Тој е подготвен за нов голем чекор во кариерата

Дерби

21/11/2019

17:09

1.840

Големина на фонт

а а а

Ернесто Валверде веќе подолго време е под сериозен притисок во Барселона поради променливите резултати на тимот, но пред се поради фактот што навивачите на каталонскиот гигант ја загубија вербата дека тој може да го промени менталитетот во составот кој двапати претрпе шокантна и болна елиминација во Лигата на шампионите.

Според многумина, Валверде ја има својата последна сезона како тренер на Барса, но додека целокупната шпанска и каталонска јавност го најавува Роналд Куман како природен наследник на Ернесто, легендарниот Ривалдо повеќе е за втората опција која добива сила од Јужна Америка.

Марсело Гаљардо кој е предводник на Ривер Плата според многумина е подготвен да направи уште поголем исчекор во кариерата, а Ривалдо вели дека тој е подготвен да ги води шпанските шампиони бидејќи знае како да се носи со притисокот кој е и тоа како голем во Аргентина.

– Секако дека Гаљардо може да ја води Барселона. Мислам дека е подготвен за тоа. Работата која ја заврши во Ривер Плата е фантастична. Знае како се освојуваат големи титули и мислам дека е подготвен за следен чекор. Подготвен е да дојде во Европа и да води голем клуб како Барселона, – смета Ривалдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг