„Сè околу мене пропаѓаше, а себеси се повредував“: Манекенката открила потресни детали од тешката животна борба

Кармин

21/11/2019

16:20

3.757

Големина на фонт

а а а

Популарната манекенка проговорела за тешкиот живот кој го имала и борбата со мајчиното физичко и психичко здравје.

Кара Делевињ прозборела за своето тешко детство и зависноста од хероин на својата мајка во емисијата на Бер Грилс.

Зборувала за мајчиното биполарно однесување и зависност со што се борела додека била дете и тинејџерка.


„Додека растев, немав женска фигура на која би можела да се угледам. Имав постари сестри, но мајка ми имаше биполарно пореметување и беше зависничка од хероин. За малку ќе починеше кога имав 4-5 годинки, а на седум години веќе почнав да се повредувам самата себе. Само сакав да почувствувам нешто. На 16 години имав нервен слом, но тогаш за првпат видов светлина и сфатив колку сето тоа е многу лошо“.

Кара изјавила дека ѝ било многу тешко да го пронајде својот идентитет, особено по многу години грижа за својата мајка.


„Немав поим која сум, немав идентитет. Сè што бев беше ментална болест, дете, старател, супермодел и сето тоа беше смешно. Сè гниеше, немав ништо, самата себе се продавав. Сакав да припаѓам некаде и мислев дека доколку луѓето ме ангажираат тоа ќе ми даде чувство која сум јас“.


Таа имала порака за 15-годишната себе.

„Би си рекла самата на себе дека треба да комуницирам повеќе, а доколку морам да имам самодоверба - самодоверба во сопствена ранливост е најдобрата работа која некој би можел да ја побара“ - изјавила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk