Светски ден на телевизијата: Која е најдолга емисија во историјата, а која е најстара реклама?

Точка

21/11/2019

14:48

2.671

Големина на фонт

а а а

Со резолуцијата од 1996-та година, Генералното собрание на ОН го прогласила 21-ви ноември за ден на телевизијата, поради фактот дека телевизијата е главен инструмент во информирањето и влијанието на јавното мислење.

Прв пат зборот телевизија бил употребен во 1900-та година на меѓународен конгрес во Париз. За ден на раѓањето на телевизијата се смета 25-ти април 1925-та година, кога Британецот Берд во Лондон пренел слика од кукла од поткровје во работилницата на приземјето, каде бил монтиран приемник. 

Првиот аналоген телевизиски програм со висока резолуција започнал во 1936-та година во Велика Британија.

Доаѓањето на далечинскиот управувач во 1980-та година ги израдувал љубителите на магичната кутија, кои дотогаш морале да станат за да го променат каналот. Најгледани емисии се глобални настани, како Олимписки игри и Светски првенства во фудбал.

Првата телевизиска реклама била емитувана на 1-ви јули 1941-ва година во Њујорк, а ја пласирала компанија за часовници и траела 20 секунди.

Сапуницата која прва ја видела светлината на денот на телевизиските екрани е "Жена за паметење" во далечната 1974-та година. Најдолг филм на светот според Гинисовата книга на рекорди е "Лек за несоница", снимен во 1987-ма година, во траење од вкупно 87 часа.

12 часа и 30 секунди траело најдолгото телевизиско интервју без престан, прикажано во Шпанија, и во него гостувале славни личности.

Денес телевизијата и натаму е важно средство за информирање за животот на планетата, за животот во минатото, сегашноста и погледот кон иднината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг