„Работев во амбасада 8 години и доживеав пекол! Кога го одбив додворувањето на амбасадорот тој премина на мојата ќерка и направи ужасна работа“

Кармин

21/11/2019

22:32

13.511

Големина на фонт

а а а

Дајен Кингсон (58), мајка на две деца во аферата која ја “дрма“ Англија вели дека била на раб на самоубиство поради сексуално вознемирување во кое биле изложени таа и нејзината ќерка и тоа на нејзиното работно место.

Дајен работела како секретарка во амбасадата во Лондон и вели дека била на мета на напади бидејќи била муслиманка и поради тоа сите се однесувале кон неа како кон некој со низок морал.

Најжестоките обвиненија на судот ги претрпел амбасадорот Фахед Ал Мушлари кој Дајен редовно ја носел во својот стан за да за џвакаат кат, билка популарна во арапскиот свет која се користи и како стимуланс. Тоа го правел со надеж дека сексуално ќе се возбуди и конечно Дајен ќе се согласи да спие со него.

„На работа постојано правеше двосмислени и понижувачки работи на моја сметка“ - изјавила Дајен пред судот.


„Постојано ѝ се обраќаше со “лигав“ тон и зборови, ја прегрнуваше, а мене ме тераше да ги фотографирам“ - вели Дајен за односот на амбасадорот кон нејзината ќерка.

Сето тоа траело четири години. За тоа време Фахед, неколку пати ја носел ќерката на Дајен во Париз и ѝ купувал сè што ќе посака. Во тоа време ќерката била тинејџерка, а тој ѝ предложил и брак само за да може да спие со неа.

Покрај тоа, Дајен сведочела и дека дипломатот Али Ал Харари ја терал на организиран секс, а Дајен постојано ја повикувал да оди со него на патување во Куба.


Дајен во амбасадата работела од 2006-та до 2014-та година и земала плата од околу 30.000 фунти годишно.

„Јас бев самохрана мајка на две деца и морав да ја задржам таа работа. Меѓутоа, моето ментално здравје целосно се сруши во тој период и бев на раб на самоубиство“ - рекла Дајен пред судот, а вчера пристигнала и пресудата според која добила отштета од повеќе од 390.000 фунти. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk