„Од ребро до рокенрол“ - фестивал на женски бендови

Точка

21/11/2019

13:34

2.623

Големина на фонт

а а а

„Од ребро до рокенрол“ е фестивал на женски бендови кој за првпат се одржа минатата година и на кој настапуваа осум групи. Многу од музичарките претходно не се познавале и продолжиле да свират заедно. Ако минатата година пропуштивте, имате шанса утре во МКЦ да се препуштите на сетилно уживање.

Александар Ристовски - Принц објаснува дека лани фестивалот на женски бендови поминал многу добро, имало одлична енергија. Оваа година има новитет: 

- Оваа година наместо бендови, носители се соло артисти, но пак со женски бендови во позадина. Сега сакаме малку повеќе да дадеме фокус и на настапот како перформанс.


Ќе настапат: Светлана Јовановска, Елена Ставреска, Викторија Нагуал и Паула Ц. Специјално за фестивалот, музика направиле Горазд Чаповски, Гаро Тавитјан, Влатко Георгиев и Светлана и Принц. Многу труд вложиле сите за да звучи професионално. Не е целта само да свират девојки, туку тоа да го прават најпрофи, на ниво.


Во холот на МКЦ ќе има и мултимедијална изложба од фотосесијата на Таиса Санџакоска, Соња Ставрова и Зорица Николова, на која модели се артистите кои настпуваат вечерта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг