Вистинска драма на летот Келн – Скопје: Силните турбуленции ги преплашиле патниците

Точка

21/11/2019

13:20

3.839

Големина на фонт

а а а

Патниците на синоќешниот лет од Германија кон Македонија, поточно летот на релација Келн-Скопје, преживеале вистинска драма.

Според порталот “in7.tv”, за време на летот се случиле големи турбуленции кои траеле повеќе од вообичаено. Силното тресење на авионот и стравот предизвикал вистинска паника кај патниците кои што патувале со авионот на една позната компанија. 

Како што дознава “in7.tv” од патниците кои се наоѓале во авионот, надвор имало силен ветер и никој од нив не се сомнева дека можеби станувало збор за некој технички проблем.

“Се вознемиривме. Турбуленциите беа силни и траеја долго. Во еден момент видов еден паднат патник на кој што стјуардесите му помагаа. Никогаш порано не ми се случило”, открил еден од патниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг