13-годишен тинејџер им се потсмевал на сиромашните соученици, а неговата мајка смислила казна која го натерала да размисли за постапката

Кармин

21/11/2019

12:42

3.934

Големина на фонт

а а а

Живееме во свет во кој луѓето, за жал, сè помалку покажуваат емпатија кон другите. Богатите стануваат сè побогати, додека сиромашните едвај спојуваат крај со крај. Класната разлика станува сè поголема, а во таквото општество доаѓа и до работите за кои пишувала оваа мајка.

Имено, Сиера Британи Форни дознала дека нејзиниот 13-годишен син им се потсмевал на сиромашните деца во училиштето, чии родители немаат доволно пари да им купат скапа облека. 

“Денеска му реков да земе 20 долари од својот џепарлак и со тие пари да купи облека која ќе ја носи следната недела на училиште”, напишала мајката во својата објава. Таа открила дека тоа е истата продавница во која сиромашните деца ја купуваат својата облека.


“Не беше среќен, дури и почна да плаче, но мислам дека за 15 години од сега со насмевка на лицето ќе се сети на денот кога мама го натерала да купи евтина облека. Сакам да ги научам своите деца дека парите не се сè во животот и дека и тие ќе носат евтина облека ако им се потсмеваат на другите поради продавниците во кои тие купуваат и поради она што го носат на себе”, напишала Сиера.


Нејзината приказна станала вирална на социјалните мрежи и поттикнала расправа за овој проблем. Детето ја научило лекцијата, а мајката се надева дека и другите ќе научат нешто од овој пример.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk