Хабиб со уште еден зајадлив коментар за Мекгрегор: Тој е вистински идиот, не верувам дека…

Дерби

21/11/2019

11:57

2.058

Големина на фонт

а а а

Хабиб Нурмагомедов кој се уште нема пораз во боречкиот октагон уште еднаш не пропушти прилика да го испровоцира неговиот најголем противник, Конор Мекгрегор.

Нурмагомедов неодамна изјави дека уживал додека го тепал Конор, а сега во нова изјава посочи дека тој е идиот и дека сигурно бега од реванш затоа што претходниот пат бил претепан во четири рунди.

– Искрено мислам дека тој воопшто не сака реванш. Зошто? Па затоа што претходниот пат го претепав во четири рунди. Го претепав, го угушив и го натерав да с епредаде. Тоа беше знак дека не сака да биде во кафезот со мене. Поминаа четири години од неговата последна победа. Јас до борбата за појас мораф во УФЦ да нанижам 10 победи. Во тоа не ги вбројувам 16-те надвор од УФЦ. Во секоја борба тоа го аслужив. Не со долгиот јазик, туку со се што покажав во кафезот. Тука ние двајца се разликуваме. Тој зборува, а јас работам. Тој е идиот, а ние не обрнуваме внимание на идиоти, - изјави Нурмагомедов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг