"Голем метеж во космосот": Сателитите изведуваат маневри, а има и отпад поради летовите

Точка

21/11/2019

11:40

2.554

Големина на фонт

а а а

Европската вселенска агенција објавила неколку интересни вести меѓу кои е и предупредувањето дека во Земјината орбита има голем "метеж" и дека за да избегнат судири или оштетувања сателитите се почесто мора да изведуваат маневри, предупредил координаторот на ЕСА, Томас Рајтер.

Покрај предупредувањето дека Земјината орбита е полна со различен отпад, Рајтер рекол дека состојбата значајно се влошила во минатите неколку децении и дека проблемот ќе продолжи драматично да се зголемува. 

"Има многу отпад од вселенски летови таму", рекол Рајтер на форумот посветен на работата на космички летала во германскиот град Бремен.

Рајнер предупредил дека е успешно лансиран сателит кој ќе доведе до радикални промени во глобалниот пристап на интернет, но не објаснил за каква промена станува збор.

Вест е и дека Русија досега во орбитата пратила рекордни 72 сателити, додека Индија лансирала 31.




Спонзорирани линкови

Маркетинг