Жените откриваат: Еве кои 5 работи сакаат да им ги правите за време на сексот

Супермен

21/11/2019

11:17

5.770

Големина на фонт

а а а

Припадничките на понежниот пол откриле што најмногу ги возбудува...

Сите го сакаме и нè прави среќни, а од него понекогаш и се чувствуваме збунето бидејќи не знаеме дали ги правиме правилните работи. Да, зборуваме за сексот – најубавата, но и најлошата работа која можеме да ја искусиме со партнерката. 

Мажите се трудат да ги импресионираат жените во креветот, а како што многумина од нив откриле, жените е тешко да се задоволат. Мажите велат дека тие не знаат што всушност сакаат жените и што ги возбудува.


Затоа, припадничките на понежниот пол одлучиле да им помогнат на мажите и откриле 5 работи кои најмногу ги возбудуваат за време на сексот – еве за што станува збор:

Директен поглед во очи

Жените откриле дека обожуваат кога мажите ги гледаат во очи за време на сексот бидејќи тоа значи дека тие се фокусирани на нив и сакаат да се поврзат.

Допирање на градите

Во текот на “акцијата” задолжително вклучете ги и рацете бидејќи жените обожуваат кога мажите ги допираат по градите за време на сексот.

Држење на задникот

Тие исто така признале дека обожуваат кога партнерот ги држи за задникот кога тие се наоѓаат врз него, а тоа е уште еден доказ дека вашите раце не треба да мируваат за време на сексуалниот однос.


Бакнежи по вратот

Дамите тврдат дека ова дополнително ги возбудува и дека го прави сексуалниот чин посензуален и поемотивен.

Стенкање

Токму како што и мажите ги возбудуваат женските воздишки за време на сексот, така и машките воздишки можат да им помогнат на жените побрзо да достигнат климакс. Затоа тие велат дека обожуваат кога мажите се “гласни” бидејќи така им даваат до знаење дека уживаат во сексот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk