Николас Кејџ ќе се глуми себеси во филм за Николас Кејџ

Точка

21/11/2019

10:50

1.719

Големина на фонт

а а а

Николас Кејџ ќе се глуми себеси во новиот филм кој ќе ја прикаже приказната за очајничките обиди на актерот да добие улога во филм на Квентин Тарантино.

Според пишувањата на “The Hollywood Reporter”, прашање на време е кога продуцентската куќа “Lionsgate” ќе го купи овој филм наречен “Unbearable Weight of Massive Talent” (Неподносливата тешкотија на огромниот талент). 


Сценаристи на филмот се Том Гормикан и Кевин Итен, дуото кое ја носи измислената приказна за Кејџ кој нема среќа и очајнички посакува улога во филм на познатиот режисер. Освен тоа, Кејџ во филмот се обидува да ги подмири долговите, па се согласува да се појави на роденденската забава на член на мексикански нарко-картел кој е негов обожавател и кој сака Кејџ да го види сценариото за филм што го напишал неговиот нарко-бос. Покрај сето тоа, Кејџ ќе се обиде и да го поправи односот со својата ќерка која е во тинејџерските години.

Наводно Николас Кејџ прифатил да глуми во овој филм бидејќи сценаристите му објасниле дека целта не им била да го исмеат познатиот актер туку да му оддадат почит за неговите најдобри улоги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг