Мицкоски проговори на бугарски: Го поддржувам договорот со Бугарија

Точка

21/11/2019

10:40

6.965

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов на маргините на самитот на Европските народни партии кој се одржува деновиве во Загреб.

Мицкоски го убедуваше бугарскиот премиер дека ВМРО-ДПМНЕ се про-западно ориентирана партија. На средбата, лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија, на Борисов му порача дека тој бил стипендист на италијанската и германската влада, а Влатко Ѓорчев бил оженет со Американка.

Сепак, тоа што најмногу го интересираше бугарскиот премиер е дали ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Договорот за добрососедство кој неодамна го потпишаа Македонија и Бугарија.

„Вие поткрепите ли договорот со Бугарија“, го праша Борисов, на што Мицкоски накратко проговори на бугарски јазик и порача дека „се што е позитивно за Македонија и за Бугарија ќе биде „поткрепено“ и тука не треба да има никакви дилеми“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг