Ролката е шик основа на сите зимски изданија, а овие комбинации го докажуваат тоа

Кармин

21/11/2019

10:17

2.450

Големина на фонт

а а а

Освен што изгледа исклучително елегантно, ролката веројатно е едно од најтоплите парчиња кои ги имате во гардероберот.

Со тоа, во студените зимски месеци со поглед ќе ги барате најтоплите и најудобните модели за комбинирање, а доколку ви е потребна дополнителна инспирација за стилизирање, во тоа можат да ви помогнат фотографиите и стилските трикови кои ви ги претставуваме во продолжение. 

Тие ќе ви покажат дека можете да ја комбинирате вашата омилена ролка подеднакво добро и со мини здолниште и со панталони со широки ногавици, а многу лесно можете да ја отелотворите Французинката во себе доколку ја искомбинирате ролката со долг капут, фармерки и неизоставниот црвен кармин.


Исто така, ова парче одлично функционира и со “стетјмент” јакни со крзно или со миди лелеави здолништа и чизми до колена.


Ако сакате да креирате тренди изглед, преку ролката облечете широка кошула и додадете впечатлив ѓердан.


Во продолжение, погледнете уште неколку трикови како да го искомбинирате ова парче облека со парчињата кои веќе ги поседувате во вашиот гардеробер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk