Роберт Билбилов со фотографија од некогашниот колега ги збуни фановите: „Нешто наговестуваш“

Точка

20/11/2019

21:15

9.311

Големина на фонт

а а а

Македонскиот автор, продуцент и композитор, Роберт Билбилов, во последно време со интересни објави ја интригира јавноста.

Може да се каже дека не е многу активен на социјалните мрежи, со оглед дека неговите колеги објавуваат секојдневно по неколку содржини, за разлика од него, кој може да објави една до две фотографии во месецот.

Но, интересно е тоа што секоја фотографија има посебна содржина и некоја сокриена порака.

А, можеби и нема некоја посебна порака, но барем првичниот впечаток е таков.

Имено, последната објава на Билбилов е со неговиот поранешен колега, долгогодишен соработник и пријател, Раде Врчаковски - Врчак.

Патем, оваа фотографија е објавена пред 10-на дена, што е само уште еден доказ дека Билбилов не им придава големо значење на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

Memories...

A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction) on

Под фотографијата напишал „Memories...“, а познатиот водител Димитар Атанасовски во коментар се пошегувал на негова сметка.

„Со сјајчево на уста, на Тамара личиш“, вели водителот, на што Билбилов исто така му возврати со интересен коментар, односно му испрати бакнеж.

Еден од следачите на Билбилов, исто така во коментар под фотографијата го прашал дали можеби со ова нешто нѝ наговестува.

На тоа Роберт сè уште не одговори и ги остави фановите со прашалници дали можеби подготвува некој дует со Врчак, кој пак одамна се повлече од македонската музичка сцена. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг