Македонија горда до бескрај: Овој мал херој се сретна со Дејвид Бекам во ООН на Светскиот ден на детето

Точка

20/11/2019

20:10

6.086

Големина на фонт

а а а

Денеска на Светскиот ден на детето, Јане Велковски, 11-годишниот застапник за деца со попреченост од нашата земја, се сретна со спортската легенда, Дејвид Бекам, на глобалниот самит на УНИЦЕФ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Нашиот мал, а голем херој, учествува во интерактивниот дел во кој се претставени деца застапници, има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја. Тој зборуваше заедно со други четири деца за време на панел дискусијата насловена како „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права".

Настанот во живо може да го следите ТУКА.

"Навистина сум многу возбуден бидејќи ова е огромен настан. Но, истовремено сум многу среќен што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот," рече Јане непосредно пред неговото патување во Њујорк.


„Напред Јане, направи нѐ горди! Му ја даваме целосната поддршка на нашиот Јане Велковски, кој за кратко ќе се обрати на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк со барање да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на овогодишниот Светски ден на детето“, порача Венко Филипче, министерот за здравство.

„Младиот Јане Велковски на Светскиот Ден на Детето зборува за детските права во Обединетите Нации. Наша гордост“, вели и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг