Откриено поради што им се жалел принцот Чарлс на своите пријатели еден ден пред венчавката со принцезата Дајана

Кармин

20/11/2019

20:00

7.082

Големина на фонт

а а а

Иако од смртта на принцезата Дајана поминале 22 години, нејзиниот живот, особено бракот со принцот Чарлс, сè уште се наоѓа под лупата на јавноста.

Во документарниот филм “Charles and Di: The Truth Behind Their Wedding“, кој се занимава со односот на принцезата Дајана и принцот Чарлс, откриено е што му признал Чарлс на својот пријател еден ден пред венчавката со Дајана.

Најмногу, наводно, го загрижувала разликата во годините. Чарлс тогаш имал 31 година, а Дајана само 19.

„Навистина е преубава, но дете е. Не изгледа ни декa завршила училиште, а не па дека ќе се венча“ - рекол тој.

Исто така тој на пријателите им признал дека е “збунет и анксиозен“ и дека е “згрозен“ од фактот дек ќе мора да го даде своето ветување поради кое може и да жали.

„Чарлс постојано велеше дека сака да го направи само она што е најдобро за неговата земја и неговото семејство, но во срцето веќе тогаш знаел дека тие двајца немаат ништо заедничко“ - раскажал експерт за кралското семејство.

Ниту самата Дајана не била воодушевена со идејата за да се венча со Чарлс затоа што само неколку денови пред венчавката го видела својот иден сопруг со својата љубовница Камила.


Дајана еден ден пред венчавката на сестра ѝ ѝ кажала дека не може да се омажи со човек кој не го сака, но сестра ѝ ја наговорила.

„Доцна ти е“ - рекла таа.

Принцезата Дајана во едно интервју признала дека на денот на венчавката се чувствувала како “јагне кое оди на колење“.

„Додека влегував во црква само ја барав Камила, а потоа ја погледнав во сивиот фустан. Мојот сопруг на нашиот меден месец носеше нараквици со две букви К кои таа му ги дарувала“ - рекла принцезата пред разводот со принцот Чаарлс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk