Социјалните мрежи преплавени се со видеа и фотографии од оваа земја. Пожарите сè уште се активни во Нов Јужен Велс, а таму е направена неверојатна снимка од спасување на една коала.
Во Австралија од неодамна беснеат страшни пожари. Најмалку шест луѓе го загубиле животот, а во најголема опасност се и животните во шумите кои се во пламен.
Страдале најмалку 350 коали, а штетата допрва треба да биде санирана кога огнот ќе се изгасне.
Социјалните мрежи преплавени се со снимки и фотографии од оваа земја. Пожарите беснеат најмногу во Нов Јужен Велс, а таму забележана е една неверојатна сцена од спасување на една коала.
Една жена го видела животното кое се мачи да побегне од огнените стихии. Го соблекла горниот дел од облеката и во него ја замотала коалата која видно имала изгореници.
Коалата е во болница и се наоѓа во многу тешка состојба.