Кралицата и принцот денеска прославуваат 72 години брак: Никој не знае што точно се случувало во 1947 година зад затворени врати

Кармин

20/11/2019

14:50

5.055

Големина на фонт

а а а

Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип денеска ја прославуваат својата 72-годишнина од брак.

Овие денови, обожавателите на кралското семејство зборуваат за серијата “The Crown” во која оскаровката Оливија Колман го толкува ликот на Елизабета, а Тобиас Мензис е во улога на принцот Филип. Емотивниот однос на кралските партнери отсекогаш бил интересен за медиумите, па затоа не е ни чудно што телевизиската драма за врската на кралицата и принцот е во центарот на вниманието. 

1934 година: Елизабета и Филип за првпат се запознале на венчавка

Елизабет Александра Мери Виндзор имала 8 години кога за првпат го запознала Филип Моунтбатен на венчавка на својата братучетка – принцезата Марин. Елизабета тогаш не ни знаела дека ќе стане кралица бидејќи престолот требало да го заземе нејзиниот постар брат Едвард (Едвард абдицирал во 1936 година за да се ожени со Американката Волис Симпсон).


1939 година: Повторно се сретнале и станале пријатели

Базил Бутројд, специјалист за кралската биографија, напишал дека нивната повторна средба се случила во 1939 година. Средбата резултирала со размена на писма помеѓу Филип и Елизабета. Таа тогаш имала 13, а тој 18 години.

1946 година: Филип од кралот Џорџ Шести ја побарал раката на Елизабета

“Бевме разделени за време на војната, но тоа нѝ даде простор уште повеќе да се заљубиме еден во друг”, напишал Филип во писмото за Елизабета.

Биографката Сели Бедел Смит напишала дека кралот го сакал Филип. Го доживувал како “интелигентен и духовит човек кој знае да ја направи вистинската работа”. Со оглед на тоа што Елизабета сè уште била млада, официјалната веридба била одложена сè додека идната кралица не наполнила 21 година.


1947 година: Венчавката на Елизабета и Филип

Венчавката на Елизабета и Филип се одржала на 20-ти ноември 1947 година во присуство на 2000 гости. Настанот на векот го пренесувале сите радио станици ширум светот.

По венчавката, кралскиот пар според правилата на повисоката класа во тоа време, живеел во одвоени соби.

Деца и емотивен однос

Елизабета и Филип го добиле принцот Чарлс на 14-ти ноември 1948 година, а принцезата Ана се родила на 15-ти август 1950 година.


На прославата на 50-годишнината од брак, принцот Филип во текот на здравицата рекол: “Најголемата лекција која ја научив во бракот е дека толеранцијата е најважниот зачин. Можеби не е толку важна кога сè оди одлично, но е важна кога работите ќе тргнат по надолна линија. Знам што зборувам бидејќи кралицата го поседува тој квалитет - толеранција”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk